Добро заработија од Лигата на шампионите, a сега „домаќински“ ќе ги трошат парите (ФОТО)

Вилјареал беше едно од најпријатните изненадувања во Лигата на шампионите и својот настап го заврши во полуфиналната фаза.

Откако ги елиминираа Јувентус и Баерн Минхен, Жолтата подморница наиде на Ливерпул и не успеа да се пласира во финалето. Но, простор за разочарување нема, а заработката од околу 40 милиони евра ќе ја потрошат за реновирање на својот стадион „Де ла Керамика“.

Капацитетот од околу 23 илјади седишта ќе остане ист, околу 35 милиони евра ќе заминат за реновирање и разубавување, а како тоа ќе изгледа, погледнете во сликите подолу.

- Оглас -

Најнови вести