14.8 C
Skopje
петок, 13 февруари 2026

Додека Атлетико ја „газеше“ Барселона, Чоло Симеоне се потсмеваше со Јамал (Фото)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид одиграа фантастичен меч и ја декласираа Барселона со 4-0 на првиот меч од полуфиналето на шпанскиот Куп, а на Чоло Симеоне очигледно му беше забавно додека неговите избраници го „газат“ ривалот.

При постигнувањето на голот на Адемола Лукман за 3-0, камерите го забележаа аргентинскиот тренер како се потсмева со Ламин Јамал и му покажува три прста, алудирајќи на резултатот и убедливото водство, а до крајот на полувремето во листата со стрелци се запиша и Хулија Алварес за високи 4-0.

Она што може да се забележи од статистиката по натпреварот, Ламин Јамал не упати ниту еден удар кон противничкиот гол, иако го одигра целиот меч.

- Оглас -

Најнови вести