Португалскиот фудбалер за врска и капитен на Вулверхемптон, Рубен Невеш, беше на прагот на премин во Барселона, минатиот месец дури и ги договори личните услови, но можно е кариерата да ја продолжи во саудиски Ал Хилал.
Раководството на Вулфс ја прифатило понудата од 55 милиони евра, сега треба само Невеш да ги договори личните услови околу платата.
Се шпекулира дека претседателот Лапорта го сака Невеш, а тренерот Чави размислува за други опции како наследници на Бускетс. Овие дилеми во Барса и финансиската состојба таму која не е стабилна, можеби го премислуваат Невеш на кого не му се чека бескрајно Каталонците да донесат одлука дали ќе испратат понуда за него.