Кевин-Принс Боатенг во зимскиот преоден рок дојде во Барселона, и тоа како засилување од Сасуоло. Боатенг синоќа за првпат заигра како стартер на „Камп ноу“, на дуелот против Валјадолид. Напаѓачот имаше неколку шанси, но не даде гол, но тоа не беше главната грижа за него.
По завршување на средбата, кога Боатенг се вратил дома, забележал дека крадци влегле во неговиот дом. Непоканетите гости имале доволно време да „оперираат“ бидејќи знаеле дека домаќинот нема да се врати во брзо време. Тие успеале да украдат разни предмети во вредност од 300.000 евра.