Жозе Мурињо си најде друга работа додека ја чека вистинската шанса да се врати во фудбалот како тренер. Португалецот е нов аналитичар на „Скај спортс“, ќе ги анализира натпреварите од Премиер лигата оваа сезона. Дебито како аналитичар ќе му биде токму за дербито меѓу двете поранешни екипи на кои им беше менаџер, Јунајтед и Челзи.
Откако остана без ангажман по отказот од Манчестер јунајтед во декември минатата година, Мурињо имаше бројни понуди, но ниту една не беше му одговараше.
Во студиото на „Скај спортс“, Мурињо ќе биде во интересно друштво со Гери Невил и Џејми Карагер, од кои трпеше големи критики во периодот кога беше на кормилото на тимот од „Олд трафорд“.