Додека даваше изјава, му падна банер врз глава (Видео)

По завршувањето на првото полувреме на мечот од босанската Премиер лига помеѓу Тузла сити и Зрињски, помошниот тренер на домашните, Самир Аданалиќ, го украде шоуто, и тоа не по негова вина.

Мечот заврши 0-0, а Аданалиќ додека даваше изјава за националната телевизија БХТ1, врз него падна банер кој стоеше зад него.

„Сè е во ред, ОК е“, му рече Аданалиќ на новинарот, а двајца мажи дотрчаа да го тргнат банер од неговата глава. Репортерот им се извини на гледачите, а давањето изјави продолжи без пречки. За среќа, немаше повредени и учесниците во „инцидентот“ и публиката на трибините само се насмеаја.

- Оглас -

Најнови вести