20.8 C
Skopje
вторник, 23 септември 2025

Додека Дембеле ја славеше Златната топка, неговите соиграчи се тепаа во Марсеј (Видео)

Соиграчите на Усман Дембеле од ПСЖ, но и комплетниот стручен штаб, не беа во можност да присуствуваат на доделувањето на Златната топка во Париз бидејќи играа на гости кај Марсеј, меч кој претходниот ден беше одложен поради најавите за големо невреме.

ПСЖ загуби минимално 1-0, но додека Дембеле во Париз ја славеше најпрестижната индивидуална титула во фудбалот, неговите соиграчи се тепаа во Марсеј.

На социјалните медиуми е објавено видео на кое се гледа дека по завршувањето на мечот се случил инцидент, а на снимката може да се забележат Маркињос и Хакими, но и неколку фудбалери на Марсеј, како и дел од обезбедувањето.

- Оглас -

Најнови вести