Додека другите купуваа, Ливерпул се фокусираше да ги задржи главните играчи

Џордан Хендерсон, капитенот на Ливерпул, го продолжи договорот до јуни 2024 година, и тоа е петти голем потпис на „Енфилд“ во изминативе месеци, а да не е нов играч.

Хендерсон ги следеше стапките на голманот Алисон, Фабињо, Ван Дајк и Александер-Арнолд, кои исто така ја потврдија верноста на клубот во изминатиов период.

„За мене е чест да се бранат боите на овој голем клуб. Да се носи овој свет дрес и во иднина за мене значи сè, без оптоварување сега можам да се концентрирам на иднината“, изјави Хендерсон при потпишувањето на новиот договор.

Ливерпул исто така ја продолжи соработката и со дефанзивецот Нејт Филипс на четири години, а единствено ново име кое пристигна летово беше Ибрахим Конате.

- Оглас -

Најнови вести