Нони Мадуеке е еден од големите англиски таленти и уште еден во низата млади фудбалери од таборот на Гордиот Албион што има нескротлив дух.
Моментно, 19-годишниот фудбалер е повреден и не игра за ПСВ Ајндховен, но тоа не го спречи да направи голема глупост и да вози автомобил со лажна возачка дозвола.
Нони бил приведен од полицијата во Ајндховен, која забележала дека документот му е сомнителен и на крајот испадна и лажен и фалсификуван.
За ваков прекршок според законите во Холандија, каде игра големиот англиски талент се оди и во затвор, но Мадуеке ќе мине само со стотина часови општествено корисна работа за заедницата.
Мадуеке ги мина сите англиски селекции во младинските категории и од него многу очекуваат и Англичаните, но и во ПСВ Ајндховен, екипа што пред три години го доведе во своите редови од Тотенхем.