15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Додека Елмас го договараше трансферот, Наполи доживеа дебакл на свој терен и елиминација (Видео)

Екипата на Наполи е елиминирана од Купот на Италија, откако на својот стадион „Диего Армандо Марадона“ загуби убедливо со 4:0 од Фросиноне. Наполи беше голем фаворит за победа и пласман во четвртфиналето, но на теренот ситуацијата беше поинаква.

Немаше голови до 65 минута, а потоа започна рапсодијата на гостите. Баренечеа погоди за водство од 1:0, а потоа следуваше погодок на Касо во 70 минута за 2:0. Во судиското надополнување, Фросиноне даде уште два гола и на крајот стигна до убедлива победа од 4:0 и тоа на теренот на актуелниот италијански првак. Головите на Фросиноне може да ги видите ТУКА.

Во составот на Наполи го немаше Елиф Елмас кој вечерва го договри трансферот со неговиот следен клуб Лајпциг на кој ќе му се приклучи следниот месец.

- Оглас -

Најнови вести