Додека игра против Реал, Јувентус преговара да го купи

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратици моментно е во Амстердам и го следи мечот меѓу Ајакс и Реал Мадрид, во осминафиналето од Лигата на шампионите. Паратици замина во Холандија за да преговара за трансфер на талентираниот стопер на Ајакс, Матајс де Лихт.

Јувентус денеска на берза продаде обврзници во вредност од 175 милиони евра, а по сè изгледа веднаш сака тие пари да ги вложи во ново засилување. Де Лихт е еден од најталентираните млади играчи во Европа и веќе подолго време за него се интересираат Јувентус, Барселона и ПСЖ.

Иако има само 19 години, Де Лихт е стандарден првотимец во дресот на Ајакс и сезонава има одиграно 34 меча во кои дал три гола, а има и две асистенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести