Боливиската полиција го уапси привремениот претседател на тамошната Фудбалска федерација, Марко Родригес, и тоа додека тој безгрижно од трибините го следеше натпреварот на Боливија против Еквадор од квалификациите за СП 2022. Родригес е обвинет за корупција.
Интресно е што Боливија загуби со 2-3, иако на полувреме додека Родригес гледаше, водеше со 2-1.