Додека играше финале во Торино, на Медведев од соблекувална му бил украден луксузен часовник

Второрангираниот тенисер на светската АТП-листа, Данил Медведев, доживеал голема непријатност во Торино, и тоа не затоа што го загуби финалето на завршниот Мастерс од Александер Зверев, туку од соблекувалната му бил украден луксузен часовник вреден околу 200 илјади евра.

Скапоцениот часовник е со лимитирано производство. Кражбата е пријавена малку пред полноќ, а крадецот бил фатен само неколку часа подоцна, кога Медведев веќе бил на пат кон домот во Монте Карло.

Приказната има среќен крај за рускиот тенисер бидејќи полицијата му го вратила часовникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести