10.8 C
Skopje
вторник, 14 октомври 2025

Додека Јамал уживаше на одмор во Хрватска, во Доха одржан итен состанок кој може да донесе фудбалски „земјотрес“

Ламин Јамал поради повреда го прескокна овој репрезентативен циклус, па паузата која се создава на клупски план реши да ја искористи одморајќи во Хрватска, заедно со неговата девојка.

И додека Јамал уживаше во Хрватска, во Доха се одржа состанок кој велат дека може да го промени фудбалот. Шпанските медиуми пишуваат дека челниците на Пари Сен Жермен имале состанок на кој се кроел план како да се доведе Јамал од Барселона во францускиот првак.

Јамал неодамна наполни 18 години, но тој веќе подолго време игра во фантастична форма и е лидер на Барселона. Според проценките, токму Јамал треба да биде една од главните светски ѕвезди во фудбалот, па токму и затоа ПСЖ настојува како може некако да го „украде“ од Барселона.

Тинејџерот има активен договор со Барселона до јуни 2031 година, но од ПСЖ имаат мисија по секоја цена да го доведат на „Паркот на принцовите“, и тоа што е можно порано.

- Оглас -

Најнови вести