Маркус Рашфорд, повредениот фудбалер на Манчестер јунајтед, бил забележан како се забавува на журка во Мајами за време на мечот на Црвените ѓаволи против Вулверхемптон.
Напаѓачот ги пропушти последните 6 меча на тимот, се лекува од повреда на грбот. Но, повредата на грбот на Рашфорд не му пречеше за време на Супербоулот на НФЛ-лигата во Мајами да се забавува со дел од ѕвездите кои беа присутни таму.
Фудбалерот се дружел со ди-џејот Калид, музичарот Џеј Зи, актерот Кевин Харт, екскошаркарот Шекил О`Нил и други познати личности.
Откако се повреди Рашфорд, тимот нема дадено гол во Премиер лигата. Тој најави дека ќе се врати на терен пред крајот на сезоната, кога ќе се обиде да му помогне на својот тим.