Додека Јуве и Интер одложуваат, Лацио гази и е нов лидер во Серија А

Лацио е новиот лидер во италијанската Серија А, откако во првиот меч од 26. коло, Небесно-сините со 2:0 ја победија Болоња. По овој триумф, Лацио сега има 62 бодови, пред Јувентус кој остана на 60 бодови, но и меч помалку, дербито против Интер, кој е трет со 54 бодови.

Римскиот калчолигаш уште еднаш покажа дека е најопасен на стартот од мечот. Лацио е екипата која даде 18 погодоци во првите 30 минути сезонава, а така беше и против Болоња. Алберто погоди за водство на домаќините во 18 минута по асистенција на капитенот Имобиле, а три минути подоцна прецизен беше и Кореа за 2:0.

https://youtu.be/czQRLdytZpo

Во продолжување на дуелот, Лацио успешно ја чуваше предноста. Во Серија А, денеска ќе играат само уште Наполи и Торино, додека мечот Удинезе – Фиорентина е одложен.

 

- Оглас -

Најнови вести