Додека нашите кошаркари стравуваат од Данска, најдобриот позира со македонски дрес (Фото)

Кошаркарската репрезентација на Македонија според квотите во обложувалниците е аутсајдер на вечерашното гостување кај Данска, а поддршка за нашите дојде од најкорисниот во НБА-лигата, Никола Јокиќ.

Познатиот македонски навивач Горан Кипријановски-Кипре го начека Јокиќ, кој е на подготовки со српската репрезентација, и му подари дрес од македонската репрезентација со 15-ката на грбот и презимето Јокиќ.

Благодарение на Кипре, многу светски познати спортисти имаат дресови од македонската репрезентација, а сега во колекцијата е запишан и главниот адут на Србија на претстојниот Евробаскет.

- Оглас -

Најнови вести