Додека Костарика играше на „Максимир“, помошникот на селекторот почина во болница

Ерик Родригес, помошникот на селекторот на фудбалската репрезентација на Костарика, Клаудио Вивас, вчера почина и тоа додека репрезентацијата играше пријателски натпревар на „Максимир“ во Загреб против Обединетите Арапски Емирати.

На Родригес му се слошило во саботата, кога репрезентацијата од Њукасл патувала кон Загреб и тој бил хоспитализиран во болница во Амстердам, каде што слетал авионот поради лошото време.

За жал, за време на вчерашниот натпревар, се искомплицирала здравствената состојба на Родригес, по што тој починал.

Второто полувреме на „Максимир“ започна со едноминутно молчење, а на крајот славеше селекцијата на Обединетите Арапски Емирати со 4:1.

- Оглас -

Најнови вести