32.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Додека Меси се радуваше на првиот гол за ПСЖ, крадци „оперираа“ во неговата хотелска соба

Лионел Меси во вторникот го постигна првиот гол за ПСЖ, и тоа против Манчестер сити, а само неколку часа подоцна доживеа вистински шок, тој беше ограбен.

Иако тој со својата фамилија претстојува во луксузен хотел во Париз, крадците успеле да дојдат до неговата соба и да го „олеснат“ за пет илјади евра, од кои 700 вредат само менѓушите на неговата жена.

„Ова е неверојатно. Станува збор за луксузен хотел, а крадците успеаја без никаков проблем да дојдат до нашата соба“, изјави неговата жена Антоанела.

По ваквиот инцидент, јасно е дека Меси со својата фамилија ќе мора набрзо да пронајде константно живелиште и да најми подобро обезбедување.

- Оглас -

Најнови вести