Додека навивачите на Барселона се разочарани, сино-белиот дел од градот слави

Барселона одигра 0:0 во дербито против Атлетико Мадрид, резултат по кој каталонскиот гигант е сè подалеку од трката за титулата. Каталонскиот гигант сега треба да победува сè до крајот, но и да чека киксови на Атлетико Мадрид и Реал Мадрид.

И додека фановите на Барселона се разочарани од денешниот резултат, во синиот дел од градот, односно навивачите на Еспањол слават. Тимот кој е градски ривал на Барселона, одигра 0:0 на гостувањето кај Сарагоса, но тој бод е доволен за Еспањол да си обезбеди место во Примера дивисион.

На четири меча до крајот од Сегунда дивисион, Еспањол како лидер има недостижни 12 бода пред третата Алмерија. Во Примера дивисион директно влегуваат првите две пласирани, а екипите од третото до шестото место играат плеј-оф за последното место кое води во елитата.

 

- Оглас -

Најнови вести