Додека неговите соиграчи ја славеа победата, тинејџерот на Барселона потиштен го напушти теренот (Видео)

Барселона синоќа се намачи, но на крајот ги освои планираните три бода на гостувањето кај Валјадолид. Каталонскиот гигант неочекувано губеше на полувреме кај фенерџијата во лигата, но со многу подобра игра во второто полувреме постигна два гола и стигна до триумф од 2:1.

Во почетниот состав на Барселона на овој меч беше тинејџерот Дани Родригес. Изненадувачки беше фактот дека 19-годишниот Родригес е стартер, но тренерот Ханси Флик реши да му даде шанса на талентот кој имаше одлични игри во Барселона Б.

Сепак, само половина час откако започна мечот, Родригес мораше да биде заменет поради повреда на раката.

И додека беше на теренот, Родригес не се прослави, затоа што воопшто немаше течност акциите на Барселона по десната страна каде што задолжен беше тинејџерот. По завршување на мечот, додека сите фудбалери на Барселона беа среќни за победата и успешно освоените три бода, младиот Дани Родригес беше потиштен и разочаран. Засега не се знае колку е сериозна повредата, но речиси сигурно е дека до крајот на оваа сезона, нема да добие шанса во сениорскиот тим на каталонскиот гигант.

- Оглас -

Најнови вести