17.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025

Додека Погба трча низ Централ парк, сите зјапаат во него (Видео)

Пол Погба ќе биде дел од тимот на Манчестер јунајтед на турнејата во Австралија, Сингапур и Кина, но тоа не значи со сигурност дека останува член на „црвените ѓаволи“ во целата наредна сезона.

Французинот доби совет од Реал Мадрид да не ја отежнува ситуацијата со терање инает, и да не ги лути во Јунајтед, туку да чека, бидејќи го увериле оти ќе ја завршат работата околу трансферот. Манчестер веројатно ќе ја прифати понудата на Реал од 80 милиони евра плус Иско, и парите ќе ги искористи за да го купи Хари Мегваер или Матајс Де Лихт, бидејќи приоритет им е дефанзивец.

Погба не тренираше со својот клуб, туку беше во САД, поточно во Њујорк, а како изгледаа неговите подготовки, 26-годишниот француски репрезентативец покажа на социјалните мрежи. Погба трчаше низ познатиот Централ парк во Њујорк и го привлекуваше вниманието на случајните минувачи кои џогираа покрај него или седеа на клупите.

Манчестер јунајтед на 26 јули ќе се врати во Англија. Првата контрола им е на 13 јули со Перт глори, па на 17 јули со Лидс јунајтед, потоа заминуваат за Сингапур за меч со Интер на 20 јули, а последниот пријателски дуел е на 25 јули со Тотенхем во Шангај.

- Оглас -

Најнови вести