20.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Додека Португалија тагува, еуфорија во Мароко (Видео)

Фудбалерите на Мароко денеска испишаа историја, станаа првата селекција од Африка што ќе игра во полуфиналето на Светско првенство, а големиот успех очекувано предизвика голема еуфорија во земјата.

Победата која ги однесе во полуфиналето беше остварена над Португалија од 1:0.

Веднаш по завршување на натпреварот, илјадници Мароканци лудо го славеа историскиот успех.

 

Мароко во полуфиналето ќе игра против победникот од последниот четвртфинален дуел меѓу Англија и Франција кој се игра во моментов.

- Оглас -

Најнови вести