Додека Реал губеше 7:1, Бејл му се смееше на Зидан (Фото)

Реал Мадрид утрово доживеа историска бламажа во дуел со градскиот ривал Атлатико Мадрид, откако загуби со 7:3, во пријателски меч одигран во САД. Дуелот беше во рамките на Интернационалниот Куп на шампиони, а за прв пат во десетгодишната историја на ова летно натпреварување, еден клуб прими седум голови.

На полувремето Реал губеше со 5:0, а во 70 минута беше 7:1 за Атлетико. И додека играчите на Реал со неверување го гледаа резултатот и фактот дека Атлетико играше како да е финале на ЛШ, а не пријателски меч, еден фудбалер во бел дрес уживаше. Секако, тоа е Герет Бејл. Велшанецот кој сигурно ќе си замине од Реал, бидејќи тренерот Зинедин Зидан најави дека не му е потребен, во игра влезе во 62 минута.

Само осум минути по влегувањето на Бејл. Реал го прими седмиот гол, а Бејл како да уживаше на теренот. Со насмевка на теренот и поглед упатен кон тренерот Зидан, Бејл го проследи седмиот погодок за Атлетико Мадрид.

Мноугу веројатно дека за Бејл ова ќе биде и последен меч во дресот на Реал Мадрид, бидејќи синоќа беше најавено дека Велшанецот постигнал договор за трансфер во кинескиот тим Џиангсу Сунинг. Најавите на весникот „Марка“ се дека Бејл ќе потпише тригодишен договор, а ќе добива неверојатно голема плата.

 

- Оглас -

Најнови вести