Раководството на Ливерпул се уште е во потрага по наследникот на Јирген Клоп за следната сезона. Нивната најголема желба беше Чаби Алонсо, но тој одлучи да остане во Баер Леверкузен и да ја одбие понудата од неговиот поранешен клуб.
Следен на листата беше тренерот на Брајтон, Де Зерби, но и таа опција пропадна, откако се поизвесно е дека тој ќе биде новиот тренер на Баерн Минхен.
И тогаш од Ливерпул изјавија дека прв кандидат е тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим, но неговата последна изјава како да ги олади црвените од Енфилд. Португалецот изјави дека ако ја освои титулата во првенството, со сигурност останува во Спортинг, во спротивно си оди.
Сега сите погледи се свртени кон Чави Ернандес, кој слично како и Јирген Клоп, најави заминување од клупата на Барселона налето. За него имаше интерес од Ајакс и Борусија Дортмунд, но понуда од Ливерпул е тешко да се одбие, посебно кога се работи за млад тренер и трансфер од Барселона во Премиер лигата.