Манчестер јунајтед активно работи на случајот да го засили средниот ред во овој преоден рок. Додека сагата со Бруно Фернандес од Спортинг Лисабон не се реши, Ѓаволите не седат мирни и во меѓувреме се обидуваат да ангажираат уште еден играч за врска.
Станува збор за фудбалерот на Атлетико Мадрид Маркос Љоренте, кој го облече дресот на Јорганџиите во летниот трансфер период преминувајќи од редовите на градскиот ривал Реал за сума од 40 милиони евра. Јунајтед планира да го доведе на позајмица до крајот на сезоната, па ако Љоренте ги оправда очекувањата ќе следи и перманентен трансфер на „Олд трафорд“.
Шпанецот инаку запиша 17 настапи за Атлетико сезонава, во главно влегувајќи во игра како резерва. Позајмица во Манчестер би било логичен потег со цел да игра што е можно повеќе, а од Солскјер би добивал шанса сако се знае дека Погба и Мектоминеј се отсутни поради повреди.