Додека се чека Мекалистер да пристигне на „Енфилд роуд“, Ливерпул подготвува уште два трансфера

Ливерпул ја заврши најлошата сезона откако на клупата е дојден Јирген Клоп, па екипата во следната сезона нема да игра ниту во Лигата на шампионите. Токму овој лош пласман беше аларм дека треба да се менува нешто во тимот.

Како прво засилување се чека светскиот првак со Аргентина, Алексис Мекалистер, кој блескаше во дресот на Брајтон, но сега е подготвен да направи чекор напред во кариерата. Овој трансфер на Мекалистер се проценува дека вреди 40 милиони фунти, а Аргентинецот ќе заработува 150.000 фунти неделно.

Мекалистер не е единствениот играч кој во скоро време треба да биде промовиран во нов играч на Ливерпул. Еден од најинформираните новинари, Фабрицио Романо, најавува дека Ливерпул преговара и со агентите на Кефрен Турам и Ману Коне.

Турам е играч за врска, кој изминатава сезона одигра 48 натпревари за Ница, а пред неколку месеци дебитираше и за француската репрезентација. Коне одигра 30 средби во Бундеслигата во дресот на Борусија Менхенгладбах и само со 22 години тој е играч од кого се очекува во следниот период да го покаже целиот свој талент.

- Оглас -

Најнови вести