Додека се чека одлуката на Меси, Нејмар откри каде ќе игра следната сезона

Капитенот на бразилската репрезентација и голем пријател на Лионел Меси, Нејмар, веќе нема желба да се врати во Барселона. Иако речиси секое лето откако си замина од „Камп ноу“ се шпекулираше за негово можно враќање во каталонскиот гигант, сега Бразилецот јавно изјави дека негова цел е да ја освои Лигата на шампионите со Пари Сен Жермен, што значи дека останува во таборот на Светците.

„Следната сезона останувам во ПСЖ. Сакам да бидам дел од овој тим и повторно да бидеме дел од финалето на Лигата на шампионите, но во следниот обид да го освоиме трофејот. Ќе наравам сè што можам за да го запишам моето име во историјата на клубот“, рече Нејмар, кој во неодамна завршената сезона даде 19 гола, а имаше и 12 асистенции во 27 настапи во сите натпреварувања.

Нејмар пристигна во ПСЖ пред три години, кога францускиот првак плати рекордна сума од 222 милиони евра за трансферот од Барселона. Светците се доминантни во Франција и сезонава ги освоија сите четири големи трофеи, но, за нивна жал, успешната сезона не ја крунисаа и со европска титула. ПСЖ во финалето на ЛШ загуби од Баерн Минхен со 1:0.

- Оглас -

Најнови вести