Додека траел полицискиот час, Седлоски прифатил да биде тренер во Динамо

Гоце Седлоски како играч помина седум сезони во дресот на Динамо и во 190 меча се радуваше на три титули во првенството, три во Купот и две во Суперкупот на Хрватска. Во еден дел од кариерата помината во Динамо беше и капитен на тимот. Сега, 15 години по неговото заминување, Седлоски повторно ќе се врати на „Максимир“, но овојпат како тренер и тоа на вториот тим на хрватскиот првак.

„Ми се исполни желбата, доаѓам да работам во Динамо. Се знае колку го сакам Загреб и колку ми е мило што се враќам во Динамо. Не знам кога точно ќе дојдам, сè зависи од мерките кои се околу корона-вирусот. Овој викенд славевме Велигден, но сите бевме во карантин. Од петокот, па сè до вторник наутро“, изјави Седлоски за хрватскиот портал „24 часа“.

Седлоски во кариерата има играно и за Хајдук, а потоа замина во англискиот Шефилд вензди, со којшто играше во Премиер лигата. Од 1998 до 2005 година беше во Динамо, а потоа една сезона заигра за Дијарбакирспор, а кариерата ја заврши во Матерсбург, каде што граше од 2006 до 2011 година. Дефанзивецот беше и првиот македонски фудбалер со 100 настапи во репрезентативниот дрес.

- Оглас -

Најнови вести