На полувремето од пријателскиот меч со Луксембург, додека селекторот на француската репрезентација, Дидие Дешан, држеше говор со соблекувалната, Усман Дембеле беше снимен како лабаво си седи и си јаде пица.
Дембеле не настапи на тој дуел затоа што имал настинка и му течел носот.
Погледнете ја снимката која стана вирална на социјалните мрежи и кој како сака си ја толкува, но најчестиот коментар е дека Дембеле покажал непочитување и дека никогаш нема да се смени, едноставно карактерот му е таков каков што му е.