Буенос Аирес, главниот град на Аргентина, дефинитивно ќе биде центарот на фудбалскиот свет викендов. Ривер плате на „Монументал“ ја пречекува Бока јуниорс во реваншот од финалето на Купот Либертадорес, а многумина очекуваат дека тогаш може да има и навивачки нереди.
Сепак, и пред да дојде сабота, во Буенис Аирес има навивачки нереди. Во дербито од третата аргентинска лига, Атлетико Атланта со 3-2 победи на гости кај Ол Бојс. Домашните навивач лути поради поразот, по мечот сакаа да се пресметаат со гостинските фанови. Сепак, ривалите од другиот тим останаа на трибината, па затоа симпатизерите на Ол Бојс се степаа со полицијата.
Во дивеењето на хулиганите настрадаа дури 17 полицајци.