10.8 C
Skopje
среда, 19 ноември 2025

Додека сите ги следеа квалификациите, Андора постигна историски резултат

Додека сите погледи на фудбалската јавност беа насочени кон квалификациите за пласман на Светското првенство, се случи вистинско чудо во едни други квалификации, оние за пласман на Европското првенство за играчи до 21 година.

Младите репрезентативци на Андора славеа со убедливи 4-0 на домашен терен против Ирска, респектабилна земја од горниот дел на европскиот фудбал.

За младите Андорци ова беше втора победа во квалификациите, откако претходно славеа над Казахстан со 1-0, а на гостувањето кај Англија беа поразени со минимални 1-0.

Андора во својата група е на четвртото место со шест бода, зад Англија (15), Словачка (13) и Ирска (7), а пред Молдавија (4) и Казахстан (4).

Воедно оваа победа од 4-0 е најубедливата за една репрезентација на Андора откако во 1994 година станаа членки на ФИФА. Претходно најубедливиот триумф го имаа сениорите кои со 3-0 го победија Сан Марино.

- Оглас -

Најнови вести