Ливерпул со новата премиерлигашка победа над Лестер (3-1), полека, но сигурно граби кон титулата, а Мохамед Салах и на овој меч покажа дека сезонава е најдобриот фудбалер не само на Црвените туку и во целото првенство.
Репрезентативецот на Египет веќе традиционално пред католички Божиќ објави семејна фотографија крај новогодишната елка, а тоа наиде на големи критики на социјалните мрежи. Салах е Муслиман, па многумина му замерија дека тоа што го прави не е во склад со неговата вера.
Сепак, и покрај тоа, Салах на теренот покажа дека е најдобар оваа сезона, го постигна својот 16-ти првенствен гол, а ја забележа и 11-тата асистенција во Премиер лигата и беше најзаслужен за новата победа, која го однесе Ливерпул на +7 од Челзи, но и со натпревар помалку.