Според шпанската новинарка Ана Пунси и дел од каталонските медиуми, на стадионот „Камп Ноу“ се случил неочекуван инцидент. Најголемиот стадион во Шпанија моментално е надвор од употреба, бидејќи се реновира.
Стадионот е во хаотична состојба и речиси не може да се познае дека тоа е легендарниот стадион, а мајсторите кои работат на негово реновирање, денеска се степале. Околу 20-тина луѓе учествувале во тепачката во која биле користени и стапови.
Полицијата успеала да ја смири ситуацијата, а неколкумина кои биле дел од оваа тепачка се здобиле со полесни телесни повреди.
Камп Ноу се очекува да се реновира до март 2025 година, а потоа Барселона ќе може да се врати на својот дом.