Додека целиот свет го слави неговиот триумф, Ѓоковиќ не го заборави легендарниот пријател (Видео)

Новак Ѓоковиќ продолжува да испишува историја во тенисот. Со победата над Данил Медведев во финалето на Отвореното првенство на САД дојде до 24-тиот гренслем-трофеј, а во моментите на радост, направи потег со кој ги воодушеви фановите, но и публиката на стадионот „Артур Еш“.

https://twitter.com/rolandgarros/status/1701020844452155398?s=20

Тој во моментите на радост се потсети на својот голем пријател, легендарниот НБА-кошаркар Коби Брајант, кој почина во 2020 година во хеликоптерска несреќа.

https://twitter.com/i/status/1701018797476635029

Ѓоковиќ ја соблече својата маичка и облече друга со бројот 24 на грбот, а тоа е бројот со кој настапуваше Коби. На маичката пишуваше „Мамба засекогаш“. Токму Мамба беше прекарот на Брајант.

„Размислував да ја направам оваа маичка на крајот ако имам шанса да го освојам турнирот. Тоа беше пред околу седум дена. Не го споделив тоа со никого до пред неколку дена, кога ги замолив моите луѓе да ми помогнат да ја изработам оваа маичка. Коби беше близок со мене, тој ми беше близок пријател“, рече Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести