Во 13-тата минута од мечот помеѓу Бенфика и Салцбург е доделен еден од најкомичните црвени картони. Фудбалерот на домашните, Антонио Силва, во обид да го спречи противничкиот фудбалер да постигне погодок на празната мрежа со рака ја оттурна топката, но тоа беше забележано од главниот судија и сосема оправдано му беше покажан директен картон.
Поради играњето со рака на Силва, Салцбург доби пенал кој успешно беше реализиран од Шимиќ.