Договор над договорите: Том Брејди по завршување на кариерата, ќе добие 375 милиони долари!

Неверојатно, но вистинито, телевизијата „Фокс“ му даде дури 375 милиони долари на славниот квотербек Том Брејди да работи кај нив 10 години како аналитичар на натпреварите од НФЛ-лигата во американски фудбал.

Брејди има 44 години, но уште е активен, ќе игра и во наредната сезона, а кога ќе се пензионира, ќе добие огромна сума пари, поголема од таа што ја добил како играч. Брејди ќе има заработено 333 милиони ако се повлече по следната сезона, а по работата во „Фокс“, би имал над 700 милиони.

Легендата Брејди има 7 шампионски прстени, шест со Њу Ингланд пејтриотс, а една со неговиот сегашен клуб Тампа Беј буканирс.

- Оглас -

Најнови вести