28.8 C
Skopje
вторник, 22 јули 2025

Договорен датумот за фудбалското судење на векот

Манчестер сити и Премиер лигата се договорија за датумот кога ќе започне едно од најважните судења во историјата на фудбалот. Според тврдењата на „Дејли мејл“, судењето ќе биде наесен следната 2024 година.

Во истрагата која траеше четири години, Манчестер сити е обвинет по 115 наводни кршења на Финансискиот ферплеј (ФФП). Од Сити ги отфрлија сите обвинувања.

Доколку нема многу одложувања, одлуката на судот се очекува најрано да биде во летото 2025 година. Неодамна Евертон беше казнет со одземање 10 бода, што е најголема казна за еден клуб во историјата на Премеир лигата, па Карамелите моментално се во зоната за испаѓање.

 

- Оглас -

Најнови вести