Договорен е најголемиот трансфер за овој период, Египѓанецот доаѓа во Манчестер сити

Манчестер сити го договори најскапото засилување за овој преоден рок. Актуелниот англиски првак ќе плати 75 милиони евра за реализација, плус можни дополнителни бонуси од пет милиони евра, за трансферот на Омар Мармуш од Ајнтрахт Франкфурт.

Германските медиуми објавуваат дека се чека само формална потврда на овој трансфер, а договорот треба да биде потпишан на пет години. Ова претходно го објави експертот за трансфери Фабрицио Романо.

Египетскиот голгетер во Ајнтрахт дојде во јуни 2023 година и во првата сезона даде 17 голови на 41 меч. Сезонава блесна и во 26 натпревари постигна 20 голови, а имаше и 14 асистенции. На последниот меч на Ајнтрахт против Борусија Дортмунд, Мармуш не беше во составот, а од клубот објаснија дека голгетерот е изоставен затоа што има потенцијален трансфер, односно неговата приказна во германскиот бундеслигаш е завршена.

Пред само два дена, трансфер вреден 70 милиони евра направи Квича Кварацкелија кој од Наполи се пресели во Пари Сен Жермен и се веруваше дека тоа ќе биде најскапиот трансфер во јануарскиот период, но Манчестер сити веднаш реагираше и во своите редови сега го носи Мармуш за 75 милиони евра плус евентуалните бонуси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести