Флориjан Вирц е ново големо засилување за Ливерпул. Трансферот е завршена работа, според информациите на повеќе реномирани извори, вклучувајќи ги новинарот на „Билд“, Аксел Хесе, и белгискиот инсајдер Саша Таволиери.
Ливерпул и Баер Леверкузен постигнале договор за сума од 150 милиони евра за 22-годишниот германски офанзивец, што го прави најскапиот трансфер во историјата на англискиот клуб, но и воопшто во англискиот фудбал.
Со оваа бројка, трансферот на Вирц се искачува на трето место на глобалната листа на најскапи трансфери. Поголеми од него се само двата мегатрансфери на ПСЖ: Нејмар (222 милиони евра) и Килијан Мбапе (180 милиони евра). Досега, третото место го делеа трансферите на Дембеле и Кутињо во Барселона (по 135 милиони евра).
Трансферот на Вирц на „Енфилд“ најавува нова ера за Ливерпул и силна амбиција за враќање на европскиот фудбалски врв.