29.8 C
Skopje
вторник, 9 септември 2025

Договорен неверојатен пријателски дуел: Едната селекција ќе мора да патува 17.500 километри

Фудбалските репрезентации на Гибралтар и на Нова Каледонија договорија да одиграат пријателски меч кој ќе се игра на 8 октомври.

Иако станува збор за пријателски натпревар, евентуалната победа на Гибралтар би била многу вредна бидејќи не често има можност да игра натпревари против противници од повисок ранг со кои има реални шанси.

Кога станува збор за овој дуел, интересно е што фудбалерите на Нова Каледонија ќе мора да патуваат дури 17.500 километри, за време на кои ќе поминат дури низ девет временски зони, колку што им е потребно од југоисточниот Пацифик до Гибралтар, кој се наоѓа на југот на Европа.

Нова Каледонија се наоѓа во јужниот дел на Меланезија, група острови во Тихиот Океан, и има население од околу 270.000 жители според пописот од 2019 година.

Фудбалската репрезентација на Нова Каледонија беше признаена од ФИФА во 2004 година и се натпреварува во ОФК, Океанската фудбалска конфедерација. Неодамна играа таму во финалето од квалификациите за Светското првенство.

Селекцијата на Нова Каледонија е на 152-рото место на ФИФА-листата, додека Гибралтар е на 199-тото место на ФИФА-листата.

- Оглас -

Најнови вести