Договорен рекорден трансфер во ракометот, еден од најдобрите играчи на светот се сели во Германија

Германскиот тим Фленсбург и ГОГ Гудме го договорија најголемиот трансфер во историјата на ракометот, пишува данската телевизија ТВ2.

Според телевизијата, Фленсбург се согласил да плати отштета од четири милиони круни, или околу 600.000 евра, на ГОГ Гудме, за еден од најдобрите ракометари на светот, Симон Питлик.

„Сигурен сум дека ова е најголем трансфер во историјата на ракометот. Питлик моментно е најдобар шутер на светот, па сосема е нормално да бидат заинтересирани најголемите и најбогатите клубови. Сигурен сум дека ГОГ нема да го пушти за ситни пари. Претпоставувам дека сума од четири милиони дански круни ќе бидат доволни, изјави Бент Нидегарт, поранешен тренер на ГОГ.

Питлик во јануари годинава, со репрезентацијата на Данска по трет пат едноподруго стана светски шампион, а тој беше прогласен за најдобар лев бек на Мундијалот.

Според ТВ2, досега најголем трансфер беше тој на Швајцаревот Енди Шмит кој во 2010 година од Силкеборг за 3,5 милиони круни премина во Рајн Некар Левен.

Данската телевизија, сепак, не е во право, бидејќи Хамбург во 2011 година плати 1,1 милион евра на Загреб за трансферот на Домагој Дувњак.

- Оглас -

Најнови вести