Договорена најголемата размена во НБА во изминативе 20 години

Хјустон, Денвер, Минесота и Атланта ноќеска остварија договор за најголемата размена во последниве 20 години во НБА-лигата. Вкупно 12-мина играчи учествуваа, со што овој трејд е најголем од 2000 година, кога Патрик Јуинг се пресели во Сиетл.

Атланта ги доби Клинт Капела и Нене од Хјустон, Во редовите на Рокитс доаѓаат Роберт Ковингтон и Џордан Бел како и пик од втората рунда на следниот драфт. Минесота добива дури четворица нови играчи, Еван Тарнер од Атланта, како и Малик Бизли, Хуанчо Ернангомес и Џаред Вандерблит од Денвер, но и пикот на Атланта од првата рунда на следниот драфт.

Во редовите на Нагетс завршија Џералд Грин од Хјустон и пик од првата рунда на драфтот, како и тројката од Минесота, Ноа Вонлех, Шабаз Напиер и Кејта Нејтс-Диоп.

Најпознатите имиња во овој трејд секако се Клинт Капела и Роберт Ковингтон. Капела во наредните три години ќе заработи околу 55 милиони долари.

- Оглас -

Најнови вести