Бобан Николов и официјално е претставен како нов играч на ФЦСБ (Стеауа). Романскиот великан ја потврди соработката со македонскиот репрезентативец којшто беше слободен агент откако му истече договорот со Шериф Тираспол.
Николов веќе го одработи првиот тренинг за Стеауа и со тоа се потврдија вчерашните шпекулации за оваа соработка.
Договорот е со времетраење до крајот на оваа сезона, а доколку и двете страни бидат задоволни од соработката, тогаш ќе следува продолжување на истиот.
Bine ai venit, Boban Nikolov! 👍🏼 https://t.co/CFtUnMH16E pic.twitter.com/KGoT4Eaao9
— FCSB (FC Steaua Bucuresti) (@FCSteaua) September 17, 2022