Легендарниот шпански фудбалер Серхио Рамос првпат во кариерата замина да игра надвор во Европа и потпиша за тимот на Монтереј во Мексико. Рамос е убедливо најголемата ѕвезда која ќе игра во првенството на Мексико, a неверојатни се условите кои ветеранот ги побарал и ги добил за да игра во Монтереј.
За едногодишна соработка Рамос ќе добие четири милиони евра плата, плус многуте бонуси. За ветеранот има бонус за секој одигран меч на Светското клупско првенство каде што ќе игра Монтереј, за секој меч на кој ќе биде стартер, како и за секој постигнат гол или асистенција.
Рамос веднаш ја доби и капитенската лента во екипата, ги доби сите права за своето име и фотографиите, како и два отсто од секој продаден дрес со неговото презиме. Од сите услови кој ги побарал и ги добил е тој што Рамос има право да одмори на кој сака меч, односно да игра кога сака. Мексиканската федерација направи отстапка и му дозволи на Рамос да игра со дрес на кој ќе биде бројот 93.
Секако, треба да има и целосна безбедност за Рамос и неговото семејство додека се во Мексико. На располагање 24 часа во денот има и возач.
Монтереј е четвртиот тим во кариерата на Рамос, кој светска слава се стекна за време на 15-годишниот престој во Реал Мадрид. Кариерата ја започна во Севилја, а играше и во Пари Сен Жермен.