Договорот меѓу Реал и Мбапе веќе е потпишан

Експертот за фудбалски трансфери, Фабрицио Романо објави дека е потпиша договорот кој се чека веќе долг период. Килијан Мбапе од следната сезона ќе игра за Реал Мадрид и тоа е факт.

Според Романо, двете страни ставиле потпис на договорот, а Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“ доаѓа како слободен играч. Францускиот голгетер беше во ПСЖ од 2017 година, а неговиот договор истекува на крајот од месецов.

Се очекува Мбапе да биде преставен како нов играч на Реал Мадрид по завршување на Европското првенство во Германија, односно на средината од следниот месец.

 

- Оглас -

Најнови вести