Раководството на Барселона активно го следи пазарот на слободни фудбалери ширум Европа, а еден таков фудбалер се најде на листата со желби на Ханси Флик. Се работи за аргентинскиот дефанзивец, Марко Сенеси, кој во моментов е член на премиерлигашот Борнмут, но налето ќе биде слободен фудбалер.
Сенеси се уште се нема изјаснето за неговата иднина, па не е познато дали планира да остане во Премиер лигата или да го прифати предизвикот и да се пресели во Каталонија. Сепак, Барселона ќе има сериозен конкурент во битката за Аргентинецот, бидејќи интерес за 28-годишниот дефанзивец има и од Јувентус.
Аргентинецот во својата кариера освен за Борнмут, настапуваше и за Феенорд и Сан Лоренцо, а за „гауосите“ има само два настапи. Вредноста на Сенеси во моментов се проценува на 22 милиони евра.

