9.8 C
Skopje
сабота, 8 ноември 2025

Договорот на Ерик Гарсија истекува, Луис Енрике сака да го види во дресот на ПСЖ

Актуелниот освојувач на Лигата на шампионите, ПСЖ, а пред се нивниот тренер, Луис Енрике, сакаат налето во своите редови да го видат 24-годишниот дефанзивец на Барселона, Ерик Гарсија.

Фудбалерот има договор само до крајот на оваа сезона, па може да си оди како слободен фудбалер, иако Барселона сигурно нема да се откаже така лесно од неговите услуги и да го пушти бесплатно.

Ерик Гарсија во моментов вреди 25 милиони евра, а пред осум години за сума од 1,7 милиони евра се пресели од Барселона во Манчестер сити. Сепак, во 2021 година се врати во редовите на „каталонците“ како слободен фудбалер, а една сезона мина и како позајмен во Жирона.

- Оглас -

Најнови вести