13.8 C
Skopje
понеделник, 6 октомври 2025

Договорот на Мегваер истекува налето, следна дестинација ќе биде Саудиска Арабија?

Хари Мегваер во 2019 година се пресели од Лестер во Манчестер јунајтед за 80 милиони фунти и се уште важи за најскапиот англиски дефанзивец. Договорот му истекуваше минатото лето, но раководството на „црвените ѓаволи“ ја искористи клаузулата и автоматски му го продолжи за уште една сезона.

Сепак, интерес за него има од два клуба од Саудиска Арабија, Ал-Наср и Ал-Етифак, а Мегваер на зима ќе може слободно да преговара со други клубови. Со оглед дека договорот му истекува следното лето, Манчестер јунајтед ако сака да врати дел од парите вложени во него, ќе мора да го продаде уште во јануари или што поскоро да започне преговори за продолжување на соработката.

Мегваер веќе изјави дека само будала би заминал од Манчестер јунајтед, но и дека знае каде сака да игра во иднина.

- Оглас -

Најнови вести