Италијанскиот стручњак за трансфери, Џанлука ди Марсио, денес лиферува информација дека Рома и Жозе Мурињо на крајот од теквонава сезона ќе се разделат. Португалецот во Рим пристигна во 2021 година, а актуелниот договор му истекува следното лето.
Ди Марсио тврди дека: „нов договор нема да има. Во моментов нема преговори, ниту имало во минатото. Според тоа, ќе се разделат на крајот од сезоната.“
Ова би значело дека клубовите во Саудиска Арабија може да кренат во лов на Специјалниот, кој од поодамна е нивна голема, но за сега неостварена желба.
Италијанецот ги коментира и шансите Мурињо да се пресели на Арапскиот Полуостров.
„Кога Мурињо ќе биде слободен, клубовите од Саудиска Арабија сигурно ќе се обидат повторно. Сѐ уште не се знае што мисли Мурињо за својата иднина, дали ќе остане во Европа или ќе оди во Арабија.“
Жозе Мурињо од доаѓање во Рим, на клупата на Рома седеше 119 пати и забележа 59 победи, ја освои Конференциската лига, а играше и финале на Лигата на Европа.